Заврши проектот од 750 илјади евра, за уредување на централното градско подрачје на Велес (видео)

Петар Печков

Се реализираше завршна конференција за проектот кој досега се имплементираше „Паметни решенија – Велес продолжуваме“. На конференцијата се споделија досегашните резултати од реализираните активности. Проектот се потпираше на Општинскиот план за мобилна одржливост и Стратегијата за развој на паметен град. Тој е продолжение на „Паметно езеро Младост“  исто проект финансиран од ЕУ во висина од еден милион евра.

„Градовите се препознаени како клучни актери во спроведувањето на економскиот раст, социјалната инклузија и одржливиот развој. Говорот нагласува потребата од интегриран пристап во урбаното планирање, со фокус на подобрување на транспортната инфраструктура, енергетската ефикасност и дигиталната поврзаност. Исто така, се потенцира значењето на соработката помеѓу локалните и националните власти, како и вклучувањето на граѓаните во процесите на донесување одлуки. Целта е да се создадат градови кои се инклузивни, конкурентни и отпорни на идни предизвици“ – кажа  Клаус Рихтер, тим лидер на програмата ЕУ за општините.

Вкупниот буџет на проектот беше 751.470 евра, од нив  638.778 од ЕУ и 112.720 евра од Министерството за локална самоуправа. Проектот се реализираше три години и дополнителни четири месеци, од 15.01 2022 до 14.01 2025 плус четири месеци до 15 мај годинава.  

„Општина Велес е првата општина која предвидува и имплементира одржлива мобилна урбаност, според стандардите и препораките на ЕУ. Планот предвидува пакет мерки кои ќе постигнат промена на одржлива начин на транспорт, подобар живот на граѓаните, обезбедување повеќе површини за социјализација, за културни содржини на локалното население.   Стратегијата за развој значи напуштење на досегашните практики и воведување на практики кои значат поврзаност со иновативни технологии, нови начини на фукнционирање. Адресирани беа проблеми –сообраќајниот хаос, недостиг на оптимизација на јавен превоз, недоволно пешачки зони, недостиг на велосипедски патеки, и голема фрекфенција на моторни возила во централното градско подрачје“ – кажа Марија Алчева проект менаџер.

Со проектот централното градско подрачје доби одводна подземна мержа за атмосферрската вода, доби нов кружен тек кај Сараале, преуредување на постоен кружен тек кај споменикот на Коњаникот,  пешачка зона, велосипедска патека и проширување на троаторите на улицата 8 септември помеѓу двата кружни тека.

Со првичното решение, преку овој проект, требаше централното градско подарчје да добие пешачка зона, но тоа се напушти. Се создало инавативно решение, пешачка зона, велосипедска патека и коловозна лента, избалансирано решение секој да биде задоволен а да не се отстапи на концептот.  Во однос на должината на велосипедската патека за која имаше многу коментари, реакции, дека е кратка.

„Поентата за велоспиедската патека е да се создаде, која потоа ќе се надградува со нови мрежи на патеки и таа е зачеток. Таа ни е прва велосипедска патека во градот.  Кога ќе се види  големата слика и целокупниот концепт, бенефитот ќе биде дека сме знаеле што сме направиле“ – додаде Алчева.

Со овој проект се набавија и поставија четири паметни клупи, кои имаат сопствен ви-фи и полначи з амобилни, четири автобуски постојки со електронски диспели и дисплеи за тековни содржини или можност за рекламирање, два подземни контејнери (пред синдикат) и четири полначи за автомобили на  струја. Тие треба дополнително да се постават на паркинзите пред Нептун, кај Пармакот, кај Гимназија и кај ДТВ диспанзерот. Дополнително ќе функционираат и дисплеите од автобуските постојки.

Овој проект треба да добие продолжение со паметно решение СМАРТ за уредување на плоштад, кој ќе се гради над подземанта гаража, чии градежни активности започнаа неодамна, заедно со површината што е пред Судот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали по три години пауза, Македонија треба да се врати на музичкиот фестивал Песна на Евровизија“?

  • да
  • не
Резултати