Петар Печков
Објавено: среда, 15 јули 2026
Автомобил удрил во жена, која се здобила со скршеници. Деталите од информацијата на велешката полиција и велешката болница.
„На 14 јули во СВР Велес е пријавено дека во 09:20 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(41 год) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, удрило во 76-годишната Љ.Н. од Велес“ – соопштија од СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирани во Општа болница Велес.
„Кон повредената апциентка напавени сер РТГ снимки и констатирани скршеници на три ребра. Даден е совет за терапија и е на домашна нега“ – информираа од велешката болница.
Втор настан регистриран на експресниот пат Градско – Прилеп, каде е констатирано дека возачот управувал возило.
„На 14 јули во 20:00 часот, на експресниот пат Градско- Прилеп полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Б.А.(32) год од село Долно Јаболчиште, општина Чашка. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.А. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување“ – соопштија од СВР Велес.
