Евидентирани 130 хаварисани возила по јавните површини во Велес

Петар Печков

Хаварисните возила  што не беа остранети по опомената се во мал број,  за истите се води постапка за нивно отуѓување.

Еден месец се одвиваше акцијата за отстранување на хаварисани возила од јавните површиник во Велес. Се однесуваше  на  оставени хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила како и земјоделски машини, кои  нивните сопственици ги оставиле на јавните површини.  

„Во текот на акцијата Чист град 2025 год. беа евидентирани  оклолу 130 хаварисани моторни возила на јавните и сообраќајните површини. Хаварисните возила  што не беа остранети по опомената се во мал број,  за истите се води постапка за нивно отуѓување. Издаден е и прекршочен платен налог“ – соопштија од локалната власт, на поставеното прашање.

Тие се заблагодаруваме на жителите на Општина Велес што придонесоа за успешно спроведување на акцијата Чист град  2025

Акцијата беше спроведена од страна на Општина Велес и СВР Велес,  во две фази. Првата фаза беше превентивна, со лепење налепници со рок на отстранување на моторните возила од јавните површини.

Во втората фаза  се преземаа репресивни мерки со изрекување глоба од страна на Општина Велес и МВР-СВР Велес за оние кои не ги отстраниле моторните возила од јавните површини во дадениот рок. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати