Петар Печков
Објавено: четврток, 24 јули 2025
Реакции од купувачите на новиот покриен градски пазар. Патеката во средината е окупирана, освоена од гајби на дел од продавачите. Иако имаат доволно простор за нивната дејност, тие узурпираат од околината и така создаваат гужва и редици меѓу тезгите. За ова реагираше на последната седмица и советникот Игор Смилев.
„Имаме состојба за која не може двајца купувачи да се разминат. Наместо да добиеме нов пазар каде се почитува редот, добивме пазар каде имаме неред. Имаат по три четири тезги и тоа е малку па уште некоја гајба пред нив“ – рече Смилев.
„Куриозитет, продаваат на колички за бетон, чорапи,. Ова само кај нас го има, нема слободно место каде да се разминеш“ – велат купувачите
Градоначалникот Марко Колев обврската за редот во објектот ја посочи кај редарите.
„На пазарот има служба за обезбедување. Нивна обврска е да се внимава на редот и однесувањето и на купувачите и продавачите“ - рече Колев.