Петар Печков
Објавено: среда, 09 јули 2025
3a пет часа контрола по велешките улици, извршена од сообраќајната полиција, констатирани се 53 прекршоци. Контролата била врз мотори, четирицикли и електрични тротинети. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 08/09.07.2025 во времето од 19.00 до 01.00 часот, од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, на подрачјето на Велес, реализирана е акциска контрола за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети. Во рамки на акциската контрола, констатирани се вкупно 53 прекршоци, од кои осум за возење без возачка дозвола (неположени), четири поради техничка неисправност, четири поради необновена регистрација, 20 за неносење заштитен шлем и други видови на прекршоци. Исто така, привремено се одземени вкупно 13 мопеди и мотоцикли, кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед за утврдување на техничка исправност и бучавост“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.