Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 октомври 2025
Неделата на пладне сообраќајка, во која е повредена државјанка на Република Чешка. Жената управувала мотор а во сообраќајката учестувал и автомобил. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 26.10.2025 околу 14 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат Богомила–крстосница за Извор, општина Чашка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Т.(33) од Велес и мотоцикл „хонда“, управуван од 48-годишната Б.Н. од Република Чешка“ – информира Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Н., констатирани во Општа болница Велес.
„Кај повреденото лице извршени се претраги, снимања, констатирана е скршеница на потколеница. Потребен е оперативен зафат“ – кажа д-р Вано Граматов, портпарол на Општа болница Велес.
