Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 јули 2025
Досега 28 бездомни кучиња од Велес се третирани во Регионалниот стационар „Шепа“, лоциран во близината на Кавадарци. Овие кучиња се заловени од различни делови на градот, таму каде има најмногу концентрација.
„Центарот активно работи на третман на бездомните кучиња. Во изминатиот период од територијата на Општина Велес, стационарот успешно залови и третираше 28 кучиња, од кои четири се вдомени а останатите, по третирањето и согласно законските одредби, се вратени на локацијата. Сите кучиња кои се достапни за вдомување се објавени на страната на стационарот „Шепа“- сооппштија од Општина Велес.
Со работата на регионалниот стационар за згрижување на бездомни кучиња е обезбеден и хуман третман на уличните кучиња. Прима 67 бездомни животни. Стационарот има и ветеринарната клиника. Тој функционира по системот залови, третирај и пушти. Тој опфаќа и се финансира од девет општини од Вардарски плански регион.