Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 октомври 2025
Врнежите го покачија нивото на реката Вардар низ Велес. УХМР информира дека во 7,30 ч. биле измерени 70 см наспроти вчерашните 52 цм. Просекот за Велес за октомври е 57 цм.
Нивото на реката се очекува во текот на денот да се зголеми, оти кај Јегуновце бил 144 цм а вчера 54цм или три апти повеќе од просекот, кај Скопје 130 наспроти 72цм, дв апати пвоече од преосекот. Пчиња кај Пелинце е 57цм наспроти вчерашните 14 цм.
Зголемено е нивото и на реката Бабуна кај Богомила. Од 32 вчера, денес утрово е 60цм. Просекот е 8цм.
Изминатите 24 часа, според УХМР во Велес наврнале 21 литра на м2.
