Десет години Маркардт Македонија, 100 години Маркардт (фото)

Петар Печков

Германски Макрардт Македонија одбележа 10 години постоење, како најголем работодавец во велешко, со повеќе од 700 вработени има најголем приход минатата година и најголем профит. Компанијата произведува електронски делови за автомобили, за најпознатите светски марки мерцедес, ауди, БМВ, порше, фиат, сканија, крајслер.

Основан во 1925 година во Ритхајм-Вајлхајм, Германија, Маркардт прерасна во глобален лидер во мехатронички системи. Еден век подоцна, истите вредности - иновација, сигурност и раст фокусиран на луѓето - остануваат во срцето на сè што прават. 

„Ова не е само годишнина на компанијата. Тоа е прослава на луѓето, целта и напредокот. И се случува во година од особено значење за целата наша група - бидејќи Маркарт слави 100 години иновации и извонредност. И точно пред десет години, ја поставивме основата во Велес. Во декември 2013 година, „Маркарт Македонија“ беше основан. Изградбата на нашиот погон започна во средината на 2014 година, и до крајот на 2015 година, бевме целосно оперативни - подготвени да испорачаме извонредност на глобалниот пазар.  Она што започна како смела идеја, набрзо стана приказна за успех. Започнавме со 150 вработени, а денес имаме над 700 луѓе, кои работат во објект од 14.000 м², со најсовремени технологии во електрониката, лиењето, финалното склопување и логистиката. Од промет од нешто помалку од 14 милиони евра во 2016 година, достигнавме 143 милиони евра во 2024 година - повеќе од десеткратен раст за помалку од една деценија“ – кажа Јирген Шмит директор на Маркардт Македонија. 

Горди  што им служат на премиум глобалните клиенти и што произведуваат клучни компоненти во системите за управување со батерии, интерфејс човек-машина и системи за контрола на пристап, технологии кои не движат кон иднината.  Маркардт е е ден од најголемите извозници во Македонија и значително придонесува за позитивниот трговски баланс на Македонија со Германија, која е трговски партнер број еден во Македонија.

„Од самиот почеток Маркардт Македонија претставува марка за квалитет, мејд ин Џермани, направено вго Германија. Германските стандрди се вклучени во секој детал од нејзиното секојдневно работење во инжињерството, управувањетп, производсвото и корпоративната култура“ – кажа Андја Вандел, директор на Германската стопанска комора во Македонија.

Маркардт е  ветер во грб за македонската економија, компанија која е пример  за квалитет, иновативност и напредок, порача заменикот министер за економија Марјан Ристески.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

ДПТ РОНТИС вработува

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:  Техничар за одржување  Оператори за производство на крвни линии Детали


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати