Два случаи за еден ден кога возачи управувале автомобил иако немале положено

Петар Печков

Велешката полицијата за помалку од 24 часа,  регистрирал два случаи на лица кои управувале возило а немале возачка дозвола. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 16 јули  во 08:25 часот, на улица „АСНОМ“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.П.(61 год) од Велес. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување“. 

„На 15 јули  во 11:00 часот, на регионалниот пат Велес-село Извор, полициски службеници од ПО Чашка, го лишија од слобода К.С.(39 год) од село Горно Оризари, велешко. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување“. 

За настаните бил  известен јавен обвинител, а возилата биле одземени. По целосно документирање на случаите  ќе следуваат  соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати