Дали со промената на уличното осветлување, ќе светне и Мало мовче

Петар Печков

Дали со промената на уличното осветлување, ќе се осветли и Мало мовче, беше прашањето кое ТрМр му го постави на градоначалникот Марко Колев.

„Овој проблем не е само мој, со него се судриле и претходните градоначалници. Треба да се постави нова инсталација, бидејќи досегашната е целосно украдена, ја нема. Ќе се обидеме да ја поставиме додека трае реконструкцијата на уличното осветлување. На самото мало мовче ќе има поставено украсни светилки. Нив граѓаните ќе можат да ги видат после 15 февруари, кога ќе се поставуваат на други локации во градот.  Ќе поставиме рефлектори на горниот дел од мостот, на неговата конструкција. Затоа уште сега ќе ги замолам нашите сограѓани да не ги кршат светилките, да не се краде  кабелот, инсталацијата која ќе биде поставена“ – одговори Колев.

 раѓаните, но и советниците изминатиот период имаа бројни реакции, за овој мост кој е во мрак подолго време.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати