ДИК-Колев градоначалник на Велес, по втор пат

Петар Печков

ДИК со официјален, но не и конечен податок за избор на градоначалник на Општина Велес. Марко Колев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ победи со убедливо мнозинство гласови, освои  13.992. Тоа е за 10,9  илјади повеќе од кандидатката на СДСМ Маја Хеско која има 3.050 гласови а Мирјана Деловска  кандидат на партијата Демократи имаше 468 гласа.

Со ова Колев доби втор мандат за градоначалник на Велес. Податокот не е конечен, оти учесниците имаат право на жалба. Излезеноста во Општина Велес, за избор на градоначалник  била 42,44%.  

Во Советот на Општина Велес, кој брои 23 членови, апсолутно мнозинство има колицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 16 советници, СДСМ и Левица имаат по три и ЗНАМ едно.  Или ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија 54,56%, Левица 13,59%, СДСМ 13,08%, ЗНАМ 4,90%. Во овој состав нема да има член Албанец, што изминатите состави се случуваше. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати