Петар Печков
Објавено: петок, 16 јануари 2026
И натаму изработените дела од уметничките работилници во 2020 и 2022 година, одржани во Велес на се поставени. Причината е што на четирите досега распишани јавни повици, ниту една фирма не исполнила услов и не ја добила работата, објаснија од локалната власт.
„Четри пати има распишано јавен повик, но градежните фирми кои се пријавуваат даваат цени кои се 40 до 60 отсто повисоки од таа што ние ја нудиме, средства кои ги имаме предвидено за да се изработат постаменти, стопи за овие дела. Затоа планираме, разговаравме со уметници, како годинава да се реши ова, бидејќи досегашниот начин со јавен повик, не дава разултат. Останаа шест или седум дела кои треба да се постават“ – соопштија од локалната власт.
Од скулпторската работилница во 2020 година има уште две непоставени дела, на Бугаринот Иван Кочевалиев – „Емпатија“ и на велешанецот Ангел Коруновски „Изолација“. И двете се изработени од метал. Не се поставени ниту четирите од 2022 година кога се работеше со рециклирано железо. Скулпторска работилница имаше и во 2023 година, кога шест уемтници твореа во домашни услови.
