Петар Печков
Објавено: четврток, 16 јули 2026
Основниот суд Велес преку судијката Сања Велеска донел пресуда врз основа на признание на вина на обвинетиот П.Н (31 год) од Велес, со која го огласила за виновен за сторено кривично дело насилство.
Обвинетиот е осуден на казна затвор во траење од 1 (една) година и 6 (шест) месеци во која казна му се засметува и времето поминато во притвор сметано од 25.06.2026 година до правосилноста на пресудата, соопштија од Основен суд Велес. Притворот на обвинетиот е продолжен до правосилноста на пресудата, најдолго до 60 дена. Пресудата не е правосилна односно странките имаат право на жалба.
Настанот се случи на 25 јуни во 18:30 часот, кога 71-годишна велешанка била нападната пред нејзиниот дом а П.Н. ја скршил влезната врата. Обвинетиот дошол пред нејзиниот дом, ја побарал нејзината ќерка, која не била дома, по што физички ја нападнал старицата. При тоа бил под дејство на алкохол, со 1,11 промили алкохол во крвта.
