Вторник и среда симулациска вежба за африканска чума

Петар Печков

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации - (FAO), на 11 и 12.03.2025 година, ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите. Теоретско практичниот дел од симулацискта вежба ќе се одржи на 11.03.2025 (вторник) во Велес, а теренскиот на 12.03.2025 година (среда), во с. Башино село.

„Ја известуваме јавноста од општина Велес и локалното население во  Башино Село, дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности на Агенцијата поврзани со симулациската вежба. Целта на вежбата е да се утврдат добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста африканска чума кај свињите, која е предмет на планови за итни мерки на АХВ. Преку вежбата, по однапред утврдено сценарио и доделување на улоги на учесниците, ќе се реализираат активности во случај на појава на болеста на  африканска чума кај свињите. По спроведување на вежбата, ќе се направи евалуација на подготвеноста на Планот за итни мерки и ќе се утврдат добрите и лошите страни на одговорот при евентуална појава на болеста, кои можат да го згрозат здравјето и благосостојбата на животните“ – информираа од АХВ.

На симулациската вежба ќе учествуваат претставници од АХВ, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија, претставник oд Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од здруженијата на одгледувачи на свињи и претставник од Ловечка федерација на Македонија.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати