Врачена донацијата на детското одделение, средства обезбедени од Божикниот концерт на Сара Мејс со Камерниот оркестар (видео)

Петар Печков

Градоначалникот на Велес, Марко Колев ја врачи донацијата за детското одделение од Општа болница Велес, која е обезбедена со средства од  Божикниот концерт на Сара Мејс и девојките, во придружба на Камерниот оркестар од Битола. Тој се одржа на 10 јануари годинава, на сцената на велешки театар.

„Оваа донација ќе ни биде од голема корист. Добивме медицинска опрема, инфузиона пумпа- апарат за дозирано аплицирање на терапија во единица време, кој е потребен на децата со кој работиме. Добивме  и заштитни наочари кои се потребни за заштита на очите на децата  од една сина ув светлина кога се на т.н. фото терапија и им пречи. Добивме и три телевизори, за да имаат забава додека лежат на одделение“ – кажа педијатар д-р Елена Ангеловски началник на Детско одделение при велешка болница.

Во обезбедувањето на средства учестуваа Општина Велес кој го платила концертот, театарот кој бесплатно ја обезебдил салата и Општинската организација на Црвен крст, кој  бил вклучен во собирање на средствата  и  обезебдување на  апаратите,  Болницата која посочила кои апарати се потребни.

„На оваа донација работевме неколку институции од Велес и денес ги врачуваме купените апарати и средства. Тоа што го побараа, тоа го обезбедивме. Идејата е благодорна и очекувам дека ќе продолжи и наредните години, овој хуманитарне концерт, да помагаме на институции на кои им е потребна помош“ – кажа градоначалникот Марко Колев.

Од билети од концертот биле собрани 125.600 денари со кои средства била купена донацијата.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати