Вработените во МЖ Транспорт во штрајк, возовите пак мируваат

Петар Печков

Машинскиот и извршен персонал при ЈП МЖ  Транспорт попладнево во 16 часот стапи во бојкот  со целосен прекин на железничкиот сообраќај. Причина е  поради неисплатени патни трошоци за минатиот  месец.

„Информирано е раководството кое ветува дека од понеделник ќе бидат пуштени средствата, но, останува одлуката на машинскиот и извршниот персонал за бојкот“, вели Димовски.

Патничките возови, кои во време на почетокот на штрајкот беа во возење, остануваат да завршат до последната  станица. Така викендов возовите нема да сообраќаат по македонски пруги.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати