Во храмот Св. Кирил и Методиј одржан Семакедонски православен христијански собор

Петар Печков

Неделата претпладне во црква Св. Кирил и Методиј се одржа традиционалниот Семакедонски православен христијански собор. На овој ден Македонска православна црква - Охридска архиепископија го чествува празникот на Сите Македонски Светители. 

Се одржа  Светата Божествена Литургија на која  чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски  владиката Агатангел, Митрополитот Европски  Владиката  Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски  Владиката Јосиф, Митрополитот Кумановско - Осоговски Владиката  Григориј, Митрополитот Дебарско-Кичевски Владиката  Герогиј и бројно свештенство на Македонската православна црква – Охридска архипископија.

Семакедонскиот црковно-народен собор,  27 години, почнувајќи од 1998 година се одржува во првата недела од месец октомври, кога МПЦ-ОА  го има востановено овој македонски црковен празник на кој се одбележува споменот на сите Македонски Светители од сите епохи и векови.

 фото: ФБ Повардарска Епархија МПЦ -ОА

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати