Петар Печков
Објавено: вторник, 21 јули 2026
Син во состојба на тешко пијанство, во Градско ги нападнал родителите. Тие побарале помош од полицијата, која за настанот информираше со следните детали.
„На 20 јули во 15:00 часот во Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.П.(34 год) од Градско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 55-годишен татко дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговите родители и му се заканувал на неговиот татко. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека С.П. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,35 промили алкохол во крвта“ – соопштија од СВР Велес.
С.П. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
