Во вториот изборен круг сите четири градоначалнички места во Тиквешијата и Овче Поле за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

Петар Печков

Сите четири кандидати за градоначалник во Тиквешијата и Овче Поле, каде вчера се гласаше во втор круг, победија од ВМРО-ДПМНЕ. Во Неготино Марија Нацева со 51,44% гласови против кандидатот Петар Мантев со 43,30%. Во Демир Капија Наталија Димитриева со 49,96% над Лазар Петров со  47,10%. Во Росоман Ѓорѓи Крстевски со освоени 49,68% а Стоја Николов имал 46,68%. Во Лозово победи досегашниот градоначалник Бошко Цветковски со 49,56% над Ацо Велковски со 46,39% освоени гласови.  Сите четворица против кандидати во овој изборен круг во овие четири општини беа од СДСМ.
 
Во Лозово имаше излезеност од 77,85% и неважечки 4 отсто ливчиња. Во Неготино имаше излезеност од 57,60% и шест отсто неважешки ливчиња. Во Демир Капија излезеност беше 76,77% а имало неважечки три отсто гласачки ливчиња. Во Росоман излезеноста беше 79,68% со 3,5 отсто неважечки ливчиња. 

Резултатите се официјални според Државната изборна  комисија, но не и конечни, бидејќи учесниците во изборниот процес имаат право на жалба, ако како забелешка го навеле во записникот  по завршувањето на гласањето од изборните места. 

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати