Петар Печков
Објавено: четврток, 25 декември 2025
На наплатна рампа Градско лишени од слобода се две лица, од кои едното е полициски службеник
На 24 декември во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници ги лишиле од слобода Н.Р.(41 год) и И.Р.(41 год), двајцата од Скопје, затоа што во нивно возило биле пронајдени поголема количина пиротехнички средства.
„При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р.-полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства за кои не поседувале никаква документација, а за кои изјавиле дека припаѓаат на правно лице од Скопје“ – соопштија од МВР.
Подоцна, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред магацинот на правното лице во Скопје, било пронајдено е уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено.
„Денеска со судска наредба извршен е претрес во магацините на правното лице во скопје, при што се пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства“ – додаваат од МВР.
Од МВР најавуваат дека ги преземаат сите мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица и по комплетирање на документацијата по што ќе била поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.
фото и видео МВР
