Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 октомври 2025
Мтико Јанчев кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ според официјалните но не и конечни резултати, го доби третиот мандат за градоначалник на Општина Кавадарци. Тој победи со 74 отсто од освоените гласови, со излезеност од 46%. И Советот на Општина Кавадарци има апсолутно мнозинство со 11 советници на ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ освои два мандати, и по еден Левица, ЗНАМ и две листи на граѓани со носители Ристо Сакалиев и Јован Златевски.
„Го водевме градот осум години, ќе го водиме уште четири. Ќе го направиме Кавадарци да биде најурбан, најчист, најмодерен град. Од вака големата разлика нема да забегаме, ние сме изградени личности, апсолутното мнозинство не ни дава за право да бидеме анархија. Ќе го слушаме секој еден граѓанин“ – кажа Јанчев.
Во останатите три општини во Тиквешијата ќе има втор круг за избор на градоначалник, во Неготино, Демир Капија и Росоман. Во сите три општини се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во Неготино Марија Нацева и Петар Мантев, во Демир Капија Наталија Димитриева и Лазо Петров и во Росоман Ѓорѓи Крстевски и Стојан Николов.
Во Неготино во Советот апсолутно мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ со осум членови, пет од СДСМ, и по еден до Левица и МААК. Во Демир Капија се пет советници од ВМРО-ДПМНЕ и четири од СДСМ. Во Росоман ВМРО-ДПМНЕ доби четири советника, СДСМ два, ЗНАМ, ПОДЕМ и Левица по еден.
Излезеноста во Неготино беше 57,71%, во Демир Капија 70,68% и во Росоман 74,61%.