Во Киноверзум Велес премиера за „Приказна за играчките 5“ нов анимиран филм на студиото Дизни и Пиксар

Петар Печков

На репертоарот на Киноверзум Велес наредните седум дена се три филма, еден е премиера.
Анимираниот „Приказна за играчките 5“ премиерно пред велешани. Вуди, Баз, Џеси и остатокот од дружината се соочуваат со нова закана кога се запознаваат со електрониката – нова закана која ги менува правилата на игра. Приказна за играчките 5“, од студијата Пиксар и Дизни, ни носи нова, разиграна авантура во која омилените играчки се соочуваат со предизвиците на модерниот свет. Нова закана за детската игра – паметната играчка Лилипад е таблет во форма на жаба, којшто ги менува правилата на игра и нивната мисија ја прави потешка од кога било. Се прикажува секое попладне од 18ч.  

Најгледаниот филм во светот  СФ драмата „Денот за разоткривање“ на Спилберг е во ударниот термин од 19,50 наредните седум дена. Ако знаевте дека не сме сами, ако некој ви го покажеше, ви го докажеше тоа, дали тоа би ве исплашило? 

 На второ место по гледаност е хорор комедијата  „Страшен филм 6“ во вечерниот термин во Киноверзум Велес, од 22,15 до среда.  Двајца пријатели повторно се наоѓаат вмешани во хаос што вклучува убијци, чудовишта и натприродни суштества.  


Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати