Во Градско, во судар на два мопеди, три деца се полесно повредени

Петар Печков

Вчеравечер во Градско, сообраќајна незгода, се удриле два мопеди, три млади се полесно повредени.

„Побарана е интервенција во Градско,  по судар на мотоцикли, три млади  лица се повредени, родени 2004,2009 и 2011 година, од дежурна екипа  дадена прва нега, и веднаш се пренесени на ургентен во велешка болница“ – кажа д-р Василка Пановска, началник на Итната помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

„Синоќа биле донесени три мледи лица, повредени во сообраќајка на мотори, кај Градско, Кај сите се извршени снимања, констатирани лесни телесни повреди и пуштени се на домашно лекување“ – кажа д-р Ванчо Граматов, портпарол на велешка болница.

„На 12 јуни  во СВР Велес е пријавено дека во 21.30 часот на крстосница од Регионалниот пат Р-1102 со улица „Александар Македонски“ во Градско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикл „миглиори“ со велешки регистарски ознаки управуван од малолетник од Градско и мопед „ априлиа“ со велешки регистарски ознаки управуван од Д.К.(20 год) од Велес“ – соопшти Биљна Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, по што треба да бидат познати причините за незгодата.

 фото архива

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати