Волонтерите од Кавадарци набавија инвертер клима уред за социјално загрозено семејство

Петар Печков

Младите хуманитарци од Кавадарци со проект  "Подари насмевка" од програмата ЦКА-ПХВ , -Црвен крст во акција - промовирање на хумани вредности, набавија инвертер клима уред, за семејство од Кавадарци кое е социјално загрозено. Оваа акција ја реализраа волонтерите од ОУ "Гоце Делчев" Кавадарци.

„Младите хуманитарци  изминатиот период напорно работеа за да набават грејно тело за затоплување на домот на социјално загрозено семејство. Оваа цел произлезе од нивното истражување и како приоритет, да се помогне некое семејство во рамките на проценката  и нивните можности да соберат парични средства за такво нешто. Од сите активности овој тим на млади хуманитарци, тие  успеаја да обезбедат  средства за купување инвертер клима уред кој на семејството ќе му користи и во зима за затоплување на просторијата и во лето за разладување“ -  кажа Димитар Каракулев пртеседател на Општинската организација на Црвен крст на Кавадарци. Тој испрати благодарност до сите кои помогнале во реализацијата на проектот.

Се организирале повеќе настани на кои се собирале  парични средства од донации, детски забавни игри,  се продавале крофни и зашеќерени јаболка на плоштадот во Кавадарци, организиран бил   Велигденски базар и пешачка тура до месноста Љубаш“ . Биле испратени  писма за донации во неколку маркети од  градот,  при што се  добила  храна и средства за хигиена кои се  донирани на семејството. Проектот бил реализиран под раководство на дисеминатор на ЦКА-ПХВ програмата Даниела Лазовска волонтер во ОО Црвен Крст Кавадарци. 

 фото ФБ/ОО на Црвен крст Кавадарци

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати