Возел иако имал забрана за управување автомобил а во друг случај возачот бил пијан

Петар Печков

Вторникот попладне и навечер велешката полиција при контрола на сообраќајот, констатирала два прекршоци, сторени од возачи на автомобили. Во првиот случај возел иако имал  забрана за управување а во вториот бил пијан. Деталите од билтенот на СВР Велес.

На 26 мај во 16:50 на ул. „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Х.Р.(20 год) од Велес. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека Х.Р. го управувал возилото со впишана активна заштитна мерка забрана за управување со возило.

На 26 мај во 21:45 часот на ул. .„Ангел Мишев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Г.А.(59 год) од Велес. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека Г.А. го управувал возилото пред да се стекне со право на управување и под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,45 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите полицијата  ќе поднесе  соодветна пријава.

 фото архива ТрМр

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати