Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јули 2026
Утрово во 8:40 часот на автопат Велес-Скопје регистиран е случај на возач на товарно возило, кој го управувал во пијана состојба а ниту имал дозвола за вонреден превоз. Ова било констатирано од полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот.
„Лишен од слобода е возач на товарно возило "волво" со прилепски регистарски ознаки, кој вршел вонгабаритен превоз на работна машина (дигалка со ширина 275 см) без одобрение за вонреден превоз а при извршен алкотест утврдено е присуство на алкохол од 1,81 промили“ – соопштија од МВР.
Против возачот К.З.(62 год) од Прилеп биле преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по чл.297-А од Кривичниот законик, безобѕирно управување со моторно возило како и прекршочна санкција по член 151 став 7 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, вршење на вонгабаритен превоз без одобрение и барање за поведување на прекршочна постапка по член 151 став 5 и 6 од ЗБСП за правно лице и одговорно во правно лице.
фото МВР
