Возач од Неготино возел „стоеден“ со 3,32 промили алкохол во крвта

Петар Печков

Вчеравечер во неготинското село Пепелиште, бил уапсен возач, кој управувал автомобил  со висока алкохолизираност. Возачот претходно бил учесник во сообраќајна незгода.

„На 17 октомври во 19:20 часот, во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43 год) од Кавадарци. При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило „застава 101“ со неготински регистарски ознаки, било утврдено дека С.Ф. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,32 промили алкохол во крвта“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. 

Тој бил задржан во полициска станица, известен  јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати