Петар Печков
Објавено: петок, 04 септември 2026
Средата попладне возач од село Кадрифаково, светиниколско, направил низа прекрошци во пијана состојба. Деталите од информацијaта на МВР.
„На 2 септември во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67 год) од сeло Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот. При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола“ – соопштија од МВР.
Извршен бил увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање полицијата најавува дека ќе поднесе соодветна пријава.
