Внимавајте додека работите во поле на далекуводите

Петар Печков

МЕПСО ги предупредува сите земјоделци во екот на тековната жетва да не поминуваат со комбајните под проводниците т.е. јажињата на далекуводите и да ги избегнуваат далекуводните траси.

Заради тоа што со тоа се изложуваат на ризик  и ги загрозуваат сопствените животи како и животите на лицата кои се наоѓаат во нивната околина.

„Апелираме до земјоделците во екот на сезоната за наводнување да не поставуваат системи за наводнување во далекуводните траси заради тоа што водата е проводник на електрична енергија и контактот со проводните јажиња го зголемува ризикот од струен удар на лицето кое ракува со системот за наводнување и на други лица кои се наоѓаат во непосредна близина“ - велат од МЕПСО

Потсетуваат- не загрозувајте го сопствениот живот како и животите на сите што се наоѓаат во ваша близина.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати