Викендов во Велес по четврти пат ќе се одржи Фестивалот на џез, ворлд и современа музика

Петар Печков

Викендов во  Велес по четврти пат ќе се одржи Фестивалот на џез, ворлд и современа музика.  Петок, сабота и недела на различни локации, ќе се одржат концертите на учесниците.

Петок од 21ч.  настапуваат составот Трансверс и Парусион груп, сабота е концертот на Влатко Стефановски трио, со почеток до 21ч, кој во Велес доаѓа по децении пауза. Претходно на платото пред Спомен Костурница е проектот на Дино Донев и Тома Димовски –насловен „Во тек“  и в недела е Сторитеилс, на Дино Донеф, Мариа Дафка и Кирјакос Топакис, нивна приказна за Марко Цепенков.  Сите концерти се на сцената на велешки театар.

„Ја поздравувам идејата што Општина Велес финансиски го поддржува фестивалот четири години. Целта ни е  да се децентрализира уметноста од Скопје, да ја подигнеме културата во Велес. Нашето здружение се заложува за деметрополизација на културата, да не биде се сконцентрирано во Скопје. Да се слушнат и видат групи во Велес, кои настапуваат по светот. Такво е и ова издание кое е интернационално.   Фестивал кој вклучува авторска музика, алтернативна музика, добар звук“ – рече актрот Фаик Мефаиловски, член на организацијата на фестивалот.

„Програмата на фестивалот е супер. Би сакал младата публика да дојде во поголем број, ја поканувам да присустува на програма, која има тежина и уметничка цел да не превоспита сите нас“ – кажа Сашко Костов музичар и член на организацијата.   

Во оф, придружната програма на фестивалот, четврток  во 12ч. во театарот, има работилница за цијанотипија, фотографски процес кој дава слика во цијан, сини тонови. Вечерта има изложба од  дела од Никола Пијанманов иТони  Попов- „Преиспитувања“ која ќе биде во Европската куќа. Секоја вечер по коцнерите има афтер парти,  четврток со ДЏ Едит поинтс,  сабота се Паркети, а в недела завршна забава на организаторот Арт Генератор. Фестивалот е финансиски поддржан од Општина Велес со 600 илјади денари и за прв пат годинава Министерството за култура со 220 илјади денари.

„Особена чест е што ние како локална власт соработуваме со вакви прекрасни луѓе и прекрасни уметници, кои ја подигаат културата и културниот живот во Велес. Ги поканувам сите вљубеници во оваа музика, да присустуваат на концертите и да го поддржат фестивалот за тој долго да трае“ – рече градоначалникот Марко Колев. 

Блок  билети за сите три дена е 1.300 денари,  или единечно  за првата вечер е 500, за втората 1.000 и за третата 300 денари. Овие цени се за концертите на сцената на велешки театар. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати