Вечерва се отвора археолошката изложба на камени споменици „Memento vivere“

Петар Печков

Вечерва  25 декември (четврток) во 19.00 часот во Ликовниот салон ќе биде отворена  археолошката изложба на камени споменици „Memento vivere“. 

„На изложбата преку археолошки предмети и фотографии ќе бидат презентирани најзначајните примероци од оваа збирка која соджи архитектонски елементи, релјефи и камена пластика, сопственост на Народен музеј Велес. Изложбата е дел од активностите поврзани со санација, конзервација и ревитализацијата на збирката камени споменици, а како крајна цел во иднина таа да прерасне во постојана музејска поставка. Збирката на камени споменици се одликува со исклучителна уметничка вредност, а истовремено го отсликува духот и времето во кое се настанати спомениците, со особен акцент на римското владеење на овие простори“ – соопштија од Народниот музеј на Велес. 

Автор на изложбата е д-р Анита Василкова Мидоска, кустос советник археолог, и дел од  Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес за 2025 година. Таа ќе биде достапна за посетителите во текот на јануари и февруари 2026 година и претставува вовед на големиот јубилеј на оваа институција 80-години музејска дејност во Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати