Петар Печков
Објавено: вторник, 01 септември 2026
Велешани учесници на групна тепачка во концерт на фолк ѕвездата Сузана Гавaзова. Настанот се случил петокот пред полноќ, на брегот на Охридско езеро, во селото Пештани. Учесници освен велешаните биле домаќини од селото и од Прилеп и Битола.
„На 28 август, во 23:35 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Пештани ги приведоа Т.И. (42 год) и М.И. (36 год), двајцата од Велес, Г.М. (52 год) и А.Т. (45 год) од Пештани, како и П.Б. (21 год) од Битола и Н.Г. (19 год) од Прилеп. Тие, за време на јавен настан во селото, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка“ – соопштија од СВР Охрид.
Физичката пресметка се случила додека траел настапот, по што концертот бил прекинат. Според информациите од терен, настанот се одвивал пред присутните гости, кои биле сведоци на инцидентот. Просторот каде што се одржувала веселбата во еден момент кога се случила тепачката останал без осветлување, односно во целосен мрак. Дополнителна непријатност за присутните н предизвикал и прекинот на електричната енергија
По целосно документирање на настанот, против учесниците , полицијата ќе поднесе соодветни пријави.
