Продолжува измамата за уплата на измајмен стан, пронајден преку ФБ

Петар Печков

Регистиран е нов, трет случај во Велес, во кој оштетеното лице е измамено при барање на стан за изнајмување. Деталите од информацијата на велешката полиција.

„На 9 октомври  во 14:40 часот во СВР Велес, 22-годишен велешанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 36.000 денари. Според пријавеното, со цел да изнајми стан во Велес, преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето Н.П., а откако телефонски исконтактирале и се договориле, парите за закуп ги уплатил на банкарска сметка. Како што е пријавено, после тоа лицето било недостапно за контакт и сфатил дека бил измамен.

И во првиот и во овој трет случај, оштетените го посочуваат лцието со иницијали Н.П. како лице за контакт.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати