Велешанец пациент во скопска болница предизвикал инцидент

Петар Печков

Скопската полиција регистирала инцидент кој го предизвикал велешанец како пациент, во болница во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош. Деталите од информацијата на МВР.

„На  10 март  во 13:30 часот во СВР Скопје, од здравствена установа на подрачјето на Карпош е пријавено дека на 09.03.2026 околу 22:50 часот пациентот Б.Ш.(40 год) од Велес агресивно се однесувал и упатил закани кон вработени лица во установата, а оштетил и дел од инвентарот и се обидел да побегне. Набргу, полициски службеници го пронашле и бил задржан во установата“ – соопштија од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати