Велешанец осуден парично за мачење на животи

Петар Печков

Велешанец е осуден затоа што повредил куче, кое подоцна починало. Во Основен суд Велес обвинетиот е осуден за  кривично дело „Убивање и  мачење животни“ на паричен износ од 500 евра  во денарска  противвредност. 

Настанот се случил на 13 мај лани  околу 08:30 часот во дворот од семејната куќа  лоцирана во ело Мартолци, кога  куче мелез од расата Балканец и Плат, сопственост на оштетениот сосед, се испуштило и влегло во дворот на  обвинетиот кој не бил ограден. Кога обвинетиот го забележал кучето  зел вила со четири метални краци и со неа  два пати го прободел кучето еднаш во пределот на главата и еднаш во пределот  на вилицата.

Кучето во тешка клиничка состојба со знаци на шок било изложено на   непотребни маки и болки па поради  сериозноста на повредите во тешка состојба и знаците на шок,  било ефтаназирано  од ветеринар од ветеринарна станица.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати