Велешанецот Несторовски со сребрен медал од Студентска олимпијада во Русија

Петар Печков

Велешанецот Благоја Несторовски го освои второто место на меѓународен  натпревар кој беше организиран   од Русија од софтверот QForm .  Благоја (23 год)   е  неодамна завршен студент на  Машински факултет при Универзитетот  Св. Кирил и Методиј од Скопје, дипломираше  со  просек 8,24.  На натпреварот   учествувале студенти на насоката производно инженерство.    

Машинскиот факултет прв пат  учествува на овој натпревар, бидејќи  имал  потреба од софтвер за испитување на  ковање. При потрагата по овој софтвер, се дојде до информација за Олимпијадата, која  е организирана од рускиот софтвер   QForm. Од  нив добивме три месеци трајл лиценца,за да можеме да вежбаме  - објаснува Благоја.  

Од таму ги добиле задачите, кои биле финални и ги решавале шест часа, на Машински во Скопје.  Требало да создадат технологија за ковање и тоа била практична задача. Завршените задачи биле оценети од комисија од Машински факултет. На неа учествувале петмина студенти   и на овој  квалификационен натпревар победил Несторовски под менторство на асистен магистер Огнен Тутески. 

Мојот победнички проект, отиде понатаму да се натпреварува со учесници од 13 други земји, Германија, Кина,  Русија, Бугарија, Полска, Романија,  Виетнам.  Проектот со  кој учествував беше за ковање во  масовно и големо сериско производство  со кое се добиваат подобри механички особини. Делот се кова а потоа  се оди на дополнителни обработки со  кое го добива конечниот облик. Така се изработуваат и запчаниците – објаснува Благој.

Второто место го добива официјално на Меѓународната студентска олимпијада за проектирање на технологии за обработка со обликување  На истата биле поканети  студентите од машинското инженерство, да земат учество  од Универзитетите ширум светот. На оваа Олимпијада победиле студенти од Русија и Виетнам. 

Со оваа награда, докажав дека Машинскиот факултет е со одлична настава а студентите добиваат квалификувани знаења. Може да се мери и носи со други Европски факултети.   Драго ми е што добив ваква награда, докажав дека знам и умеам – вели Несторовски.

На секогаш актуелното прашање каде се гледа натаму  во животот, одговори дека  продолжува  со постдипломски  студии во  Санкт Петербург, каде бил примен пред оваа награда и независно од освоеното признание.   И натамошниот негов развој и работа, како и повеќето завршени млади,  се гледа надвор од Македонија, но додава  би се вратил назад.  

Линк до натпреварот:  http://www.qform3d.com/news/2017/06/20

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати