Бројот на ученици во велешко се намалува

Петар Печков

Константно во општина  Велес  се намалува бројот на ученици. Така   за последните 14 години e намален за 2.123. Ова се бројките  го покажуваат намалениот наталитет во градот.

Aко во учебната 1999/2000 во Велес имало 6.678 основци тој број во изминатата учебна година бил намален и изнесувал вкупно 4.555 ученици. Намалувањето е драстично изразено за овие 14 години- вели Марија Настова, раководител за образование при Општина Велес.

Споредено со 1999/2000 и 2003/2004 година во Велес има намалување за 912 ученици основци, а споредено со 2006/2007 година бројот е намален за дури 1627 ученици основци. Сепак последната  години има мало зголемување на бројот на првачиња што се должи на владината мерка на трето и четврто дете.  Утешно е што веќе неколку учебни години оваа бројка не се намалува.Добрата вест  е што во новата учебна ќе има повеќе првачиња.

Од учебната  2014/2015 година, од есен ќе има 550 првачиња, што е за 20 првачиња повеќе споредено со лани, вели Настова. Во последниве неколку години бројот на првачиња во општина   Велес е околу 550 деца.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати