Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ не успеа да влезе во советот на Општина Лозово

Петар Печков

Атиџе Муратова хероината пчеларка на документариот филм „Медена земја“, кој влезе со две номинации за Оскар, не влезе како членка во Советот на Општина Лозово.

Таа беше кандидат на Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ), на четвртото место. Партијата освои 10,3 отсто од гласовите во Лозово и доби еден мандат, носителот Фуат Пашов.

„Од партијата ми понудија да бидам на листата, ме прашаа дали се согласувам. Прифатив со цел да помогнам на Турците кои се броен народ во општината, да се решат нивните проблеми“ – кажа Атиџе. 

Во општина Лозово, Турците се втор народ по бројност со 9%. Освен Демократската партија на Турците во Македонија, во Лозово имаше уште една листа која се обраќа на Турците, Движење за национално единство на Турците. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати