Апелација Скопје ја зголеми казната затвор од 16 на 20 години за кавадарчанецот која ја уби партнерката при семејно насилство

Петар Печков

Апелациониот суд од Скопје ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци и ја зголеми затворската казна од 16 години затвор на 20 години за за кавадарчанецот Илија Панов (44год), кој во јануари 2025 ја уби вонбрачната партнерка Сузана Серенакова (52 год), потврди кавадаречкото обвинителство. Панов во декември 2025 беше прогласен за виновен за убиство сторено при семејно насилство и осуден во Основниот суд Кавадарци.

На висината на изречената казна се жалел и осудениот. Панов беше обвинет дека во неутврден момент меѓу 20 и 22 јануари 2025, ја убил Серенакова од Кавадарци. Според обвинението, делото го извршил во станот во кој престојувала Серенакова на улицата Ѓуро Салај во Кавадарци, каде што ќерка ѝ ја нашла мртва. За кривичното дело за кое му се судеше, Убиство од член 123, став 2, точка 2 од Кривичниот законик, предвидена е казна доживотен затвор.

Вештачењето на психијатрите над обвинетиот, кој бил регистриран наркозависник, покажало дека тој бил свесен за стореното дело и насилно ѝ ги затворил носот и устата на партнерката, предизвикувајќи задушување и смрт. Според вештите лица, тој бил со асоцијален развој уште од млада возраст, неговото однесување било проблематично и со низок праг на толеранција.

Обвинетиот Панов не го признава делото, тврдел дека некој друг е сторител, а тој бил кај пријател на друга локација во моментот на убиството. На облеката и под ноктите на двете раце на убиената Серенакова била пронајдена ДНК единствено од Панов. Се покажало дека раните по телото на Серенакова се одбранбени, добиени при нападот врз неа и се од убиецот.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати