Анимираниот филм за Боб Сунѓерот и трилерот „Куќна помошничка“ премиерно во Киноверзум Велес

Петар Печков

Две премиери во Киноверзум Велес, предновогодишно, кој ќе работи до недела, потоа следи новогодишна пауза. 

На репертоарот е „Филм за Сунѓерот Боб: Потрага по Панталоновски“.  Сунѓерот Боб патува во океанските длабочини за да се соочи со духот на Летечкиот Холанѓанец, при што наидува на предизвици и открива морски мистерии. 

Втората премиера на трилерот  „Куќна помошничка“.  Напната приказна за куќа полна со тајни и за опасностите што демнат зад затворената врата. Снимен според глобалниот бестселер на Фрида МекФаден, со Аманда Сејфрид и Сидни Свини и во режија на Пол Фиг – напната приказна за куќа полна со тајни и за опасностите што демнат зад затворената врата. Мили (Сидни Свини) е млада девојка што бара нов почеток и наоѓа работа како куќна помошничка во домот на богатиот пар Нина (Аманда Сејфрид) и Ендру (Брендон Скленар). Но она што на почетокот изгледа како безбедно засолниште набргу прераснува во клаустрофобична стапица. Мили открива дека семејните тајни се многу поопасни и помрачни одошто можела да замисли. Истоимениот роман објавен во 2022 година стана меѓународен феномен – продаден е во над милион примероци и подолго од една година се задржа на листата на бестселери на Њујорк Тајмс. 

На репертоарот  трета недела е српската комедија „Враќањето нa династијата на Жика“ кој првата седмица имаше голема посетеност.  Никола Којо му се враќа на ликот на Миша Павловиќ по повеќе од 30 години. На Миша во Србија му доаѓаат синовите кои долго не ги видел зашто живеат со Наташа во Москва. Кога пристигнуваат момчињата што ги носат имињата на своите прадедовци – Жика и Милан, започнува нова луда година полна со смеа, авантура, но и семејни вредности. 
 
Сабота попладне се прикажува анимираниот филм на Дизни „Зоотропола 2“  кој за четири  седмици прикажување низ светот заработи над милјарда и пол  долари.  Храбрата зајачка полицајка Џуди Хопс и нејзиниот пријател, лисицата Ник Вајлд, повторно се здружуваат за да откријат нов случај, најопасниот и најсложен во нивните кариери. Музиката во филмот е на Шакира.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати