Петар Печков
Објавено: четврток, 26 март 2026
Пензинираниот актер на Турксиот театар од Скопје, Атила Клинче е годинашен добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“. Неа ја доделуваат Општина Велес и театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
Таа се состои од паричен дел кој е од општина Велес и спомен плакета од театарот. За наградата одлучуваше тричлено жири, претседател Слободанка Чичевска како лански добитник, и членовите актерите Васил Зафирчев и Благојчо Стојанов.
Тие не дискутирале кој е подобар актер од предложените, туку вреднување на фактогафијата остварени улоги, добиени награди, општествен ангажман. Тој е и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Одлуката била едногласна.
„Неговиот актерски опус вклучува комплексни и значајни ликови како Хамлет, Енкиду во Гилгамеш, Едип, Мемет,Магбет, Фентон, Креонт и многу други, кои ги изведува со извонредна длабочина и мајсторство и за кои е наградуван уште од далечата 1982 год како Награда за млад актер на МТФ Војдан Чернодрински, заулогата на Мемет. Во 2005 година, за главната улога на таткото во представата „Куќа на граница“ на МТФ Војдан Чернодрински ја добива наградата за најдобро актерско остварување. Во 2016 ја добива државната наградата „11 Октомври“ како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста“ – кажа Слободанка Чичевска, образложувајќи ја наградата.
Атила има голем број на улоги и во филмот и телевизијата, каде што се истакнува со својата разновидност и интензивност во интерпретациите. Има играно во „Ден за тетовирање“ во режија на Столе Попов, во „Пред дождот“ и „Прашина“ во режија Милчо Манчевски, „Пусто турско“ режија Коле Ангеловски, во мега турската серија „Румелија“, сериите „Балканска свадба“„Последно лето“. Тој беше еден од носителите на репертоарот на Турскиот театар и негов долгогодишен директор со огромен придонес во развојот на македонската театарска сцена.
Членот на жирито и првенец на велешки театар Васил Зафирчев побара промена во условите за доделување на наградата.
„За жал годинава, како и години нанзад има мал број на апликации, на пријавени за наградата. Најверојатно тоа се должи на индиферентноста, незаинтерсираност на театарските инститици. Затоа апелирам, адеквататна почит кон ликот и делото на славниот Прличко се заклучува и од третманот што го имаме кон оваа единствена награда која го носи неговото име. Како еден од иницијаторите и поддржувачите на оваа награда, би сакал да апелирам до организаторот Општина Велес, ќе треба да се размислува за измени во Правилниккот за доделување на наградата. Одредницата средна категорија во однсо на возраста, не е во интерес на наградентие. Може да се промени во највозрасната генерација актери, која се однесува за животно дело, затоа треба да се однесува на актерите кои немаат активна кариера-веќе се пензионирани. Потребно е да се промени и одредницата дека не се доделува постхумно, бидјеќи последните 10-тина години, за жал не напуштија бројни колеги, кои со својата работа оставија трајни вредности не само за македонскиот театар туку и за македонската култура“ – рече Зафирчев.
