Агриа започна да ги работи површините од АК Џумајлија

Петар Печков

Виолета Бочварова технички  директор на Агро индустриската групација ,,Агриа,, од Велес . Тие годинава земаа  под концесија, дел од земјиштето на некогашниот Агро Комбинат ,,Џумајлија,,.  Што беше поводот за една ваква одлука, која е сосема различна од дејноста која ја  имаа, одгледување на свињи и јунци, нивна преработка  и производство на сточна храна.  

Колку површина добивте под наем, за колку години?

Станува збор за географска целина, како што беше во огласот, каде аплициравме во 2015. За волја на вистината ние аплициравме, пројавивме интерес и во 2012-та ама не не избраа тогаш. Задоволни сме  што ја добивме земјата на обработка. Добивме околу илјада хектари  обработиливо земјиште  во околината на село Лозово  во  катастарските општини: Дорфулија, Ќоселери, Аџи бегово и Делисинци. Тие се солидни блокови за обработка, каде може да најде примена современа  агромеханизација и да се добијат  добри резултати. 

Што посеавте, кои култури  на колку површина?

Поради специфичните климатски услови на Овчеполието  и малото задоцнување на потпишување на договорот  успеевме да посееме една третина  од површините и тоа со  сончоглед  и пченка.  Тоа се фуражни култури за производство  на нас потребната добиточна храна.

 Зошто се решивте токму за овие две култури?

Се одлучивме за одгледување на пченката и сончогледот поради тоа што на парцелите каде се посеани се опфатени со систем за наводнување. Тоа е една голема предност во развојот на овие две култури.  Жално е  што во претходниот период, неколку години овие површини не беа искористени, оти Македонија е увозно зависна и  има голем девизен одлив. Не само како Агриа, туку и  другите увозници, токму за овие две основни култури, кои наоѓаат место во прехраната на добитокот издвојуваат значајни девизни средства.   Нив ќе ги користиме за подготовка на концентрат за  сопствените свињарски фарми.  Родот од пченката ќе го собереме ние, додека сончогледот ќе биде преработен во велешка Маслодајна. Тие ќе добијат масло а ние остатокот кој  ќе се користи за сточна храна.   

За колку стока произведувате сточна храна? 

 Ние сме една од најголемите фарми во Македонија. Во двете свињарски  фарми, во село Чичево и од скоро време во капитална поврзаност е и свињарска фарма во село Таринци – штипско,  одгледуваме околу 47 илјади товеници, што за македонски услови е 37 отсто од вкупното производство на вкупното свињско месо во Македонија. 

 За одгледување на овие две култури, потребна е агромеханизација, како и нови вработувања. Ги обезбедивте ли?

Во согласност со објавениот  јавниот повик за доделување на концесиите, доставивме бизнис план, со кој имаме обврска  дека ќе набавиме механизација. Дел од неа е купен, тоа се трактори и приклучна механизација. Се трудиме да примениме најнови и стручни методи во  обработка и  одгледувањето на пченката и сончогледот.    

Каква е состојбата со културите во овој период?

Имавме специфична пролет, успеавме да ги засееме планираните 420 ха површини, прокинувањето беше одлично. Користени се  исклучиво семенски сертифицирани материјали, хибриди од познати куќи. Бидејќи годинава ни е  прва и експериментална,  се одлучивме да ги примениме сите кои се присутни на македонскиот пазар. Резултатите ќе ги видиме  и ќе имаме искуства за следните реколти, на кои парцели кои сорти најдобар род даваат. Вработивме и претежно локално население, засега 12 лица, ако постои можност  вработени кои претходно работеле на парцелите.  

 Како го обезбедувате остатокот од потребните количества на жито, потребни за  сточната храна? 

Со производството на пченка и сончоглед, ќе бидат задоволени 30 отсто од нашите потреби. Агриа има склучени договори со  индивидуални земјоделци за  другите култури јачмен, добиточна пченица. Ние сме регистрирани како откупувачи на житарици.  Создаваме процесот од нива до трпеза.  Така ќе бидеме сигурни во исхраната на свињите и јунците за да можеме да го подигнеме нивото на контрола и квалитет, на стандарди блиски до Европа за да се соочиме со конкуренцијата. Фабриката  ,,Овчеполка,, има капацитет  од 25 илјади тони добиточна храна. 

 На колку години ја добивте концесијата и колку е годишната рата на  отплата?

Концесијата е на 15 години, ние планираме долгорочно да работиме и да ја продолжиме и потоа.   За една година концесијата чини 108 илјади евра. Бидејќи е прва година, ќе видиме дали производството ќе ги покрие трошоците. Но ние не сме за една година,во земјоделието има влијание времето  и нема да се  откажеме од започнатата  инвестиција. Следната година  ќе биде подобра. Влеговме и за  ревитализација на земјоделските обработливи површини.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати