Авантурата „Господари на вселената“, конечното разрешување, со светската премиера и во Киноверзум Велес

Петар Печков

Три филма се на репертоарот на Киноверзум Велес наредните седум дена. 
По синоќешната, среда, премиера на хорор комедијата „Страшен филм 6“ од вечерва е на редовно прикажување во Киноверзум, секоја вечер од 22,10ч.  Двајца пријатели повторно се наоѓаат вмешани во хаос што вклучува убијци, чудовишта и натприродни суштества. 

Премиера за „Господари на вселената“, конечното разрешување. По 15-годишна разделба, Мечот на моќта го води принцот Адам (Николас Галицин) назад во Етернија, каде што открива дека неговиот дом е уништен под суровото владеење на Скелетор (Џаред Лето). За да ги спаси семејството и светот, Адам мора да ги здружи силите со најблиските сојузници, Тила (Камила Мендес) и Данкан/Војникот (Идриз Елба), и да ја прифати својата вистинска судбина како Хи-Мен – најмоќниот човек во вселената.

Третиот филм е анимираната авантура за цртаните јунаци Том и Џери, кои по долги години се враќаат на големото платно.  Во раздвиженото срце на Менхетен, паметниот и досетлив глушец Џери се провлекува во Метрополитен музејот на уметноста за да види голема изложба и митскиот „Астрален компас“. Мачорот Том, кој му е секогаш зад опашката, станува нов чувар на музејот и ќе направи сè за да го запре Џери. Во хаотичната потера, бесценетиот компас паѓа и се крши, катапултирајќи ги Том и Џери низ времето – директно во блескав, златен град во древна Кина.

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати