ЈКП Дервен набави нова апаратура за поголема моќност во снабдувањето со вода на Горно Оризари

Петар Печков

ЈКП Дервен набави нова апаратура за да може жителите на Горно Оризари да имаат редовно снабдување со вода. Пумпата е набавена од средства на претпријатието, во висина од 355 илјади денари.

„Со цел да се зголеми капацитетот на водоснабдувањето за Горно Оризари, поставена е нова хоризонтална повеќестепена центрифугална пумпа за водоснабдување  од тип SKM 50C-3 (30 KW, n=2900 o.min) во препумпната станица во селото. Претходната пумпа обезбедуваше максимум 10л/сек вода за селото, додека ново поставената пумпа ќе пласира 16л/сек вода за домаќинствата“ - соопштија од ЈКП Дервен.

Од претпријатието апелираат до жителите на  Горно Оризари да ја трошат водата од водоснабдителниот систем наменски, за потребите на домаќинствата, да не ја користат за наводнување на земјоделски култури.  Потсетуваат  водоснабдителниот систем не е предвиден за таа намена и нема капацитет за користење во земјоделието.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати