Од есен во Велес некои факултети паузираат, некои нови

Петар Печков

Со новиот конкурс за запишување на студенти на факултети во земјава за наставната 2012/13 година предвидено е во Велес да се отворат неколку нови а дел од постојните да паузираат.

Во утврдувањето на структурата на слободните места кои  се финансираат од Буџетот на Република Македонија,  внимание е посветено  на струките кои се дефицитарни на пазарот на трудот во земјава, струки кои според анализите ќе претставуваат занимања кои ќе
бидат актуелни и барани во иднина.

Со конкурсот од есен во Велес ќе има во рамките на Универзитетот  Св. Кирил и Методиј од Скопје:

Дисперзирани студии  на Машинскиот факултет по индустриско инженерство и менаџмент сто студенти, од кои 60 се редовни од државна квота и по 20 кофинансирање и 20 вонредни.

 Дисперзирани студии по сметководство и ревизија при Економски факултет со  сто студенти, 60 редовни во државна квота и по 20 со кофинансирање и 20 вонредни.

Во рамките на ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА има две дисперзирани  студии по преработка на земјоделски производи - модул енологија и дисперзирани студии по преработка на земјоделски производи – модул лозарство. И во двете насоки ќе има по 100 слободни места 60 за редовни во државна квота, и по 20 со кофинансирање и 20 вонредни.

 На Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола предвидени се следните нови насоки

Техничкиот факултет студиска програма за информатика и компјутерска техника со 120 студенти, 65 редовни, 45 со кофинансирање и 10 вонредни.

ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ  од Велес ќе запише  170 студенти во две насоки. 80 студенти во Студиска програма за прехранбена технологија и биотехнологија, 45 редовни, 25 со кофинансирање и 10 вонредни. Студиска програма нутриционизам  предвидува упис на 90 студенти, 55 редовни, 25 со кофинансирање и 10 вонредни.

Од есен дисперзираните студии на право при Јустинијан Први се ставени во мирување. Во мирување се ставени и судиите по туризам, осигурување, хотелско-ресторантска  насока, гастрономија,исхрана и диететика.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати