Напред розово 2012 - чекори против ракот на дојка

Петар Печков

Здружението Борка – За секој нов ден, во соработка со Здружението Интегритет Алфа и Омега и Амбасадата на САД во Република Македонија, на 19 Мај 2012 година по четврти пат ќе ја организира Кампањата за борба против рак на дојка, насловена како “Напред розово 2012 - чекори против ракот на дојка".

Настанот ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1500 учесници кои пешачејќи три километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка. 

Во прошетката ќе земат учество сите граѓани на Република Македонија, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на Борка од 10 града: Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола и Тетово.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати