Во прва година во средните во Велес ќе се запишат 1088 ученика

Петар Печков

Гимназијата Kочо рРацин ќе запише 272 ученика во осум паралелки, од кои една со 34 ученика е на албански јазик. Средното економско училиште Јовче Тесличков има 170 слободни места во 5 паралелки, за економски техничар, деловен секретар и техничар за трговија и маркетинг.

Во Коле Неделковски има 408 слободени места во 12 паралелки, од кои две се на албански јазик. Во ова училиште во прва година ќе се образуваат: Машински техничар, техничар за компјутерско управување, автомеханичар, енергетски техничар и металостругар-заварувач во машинската струка, доека во електротехничата струка има електротехничар за компјутерска техника и автоматика, електротехничар за телекомуникации, електротехничар-енергетичар.

Во Димнитрија Чупоски ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки, хемиско-технолошки, прехрамбен техничар, медицинска сестра, физотерапевт, фармацевт, козметичар и конфекционер.

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока и тоа:

 
.Јунски рок - со две пријавувања и тоа:

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 14 и 15 јуни 2012 година, а резултатите од запишувањето и сло­бод­ните места ќе се објават на 18 јуни 2012 година

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 27 и 28 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2012 година.

 Августовски рок – со едно пријавување  и тоа:

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 16 август 2012 година, а резул­та­тите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 17 август 2011 година.

 
Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 21 јуни 2012 година, а резултатите ќе се објават на 22 јуни 2012 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати