Toварно возило удрило во пешак на крстосницата на уч. Белградска

Петар Печков

Вторникот претпладне товарно возило удрило во жена на крстосницата од трите улици, Белградска, Киро Ќучук  и Васил Главинов. Пешакот се здобил со тешки телесни пвореди. Деталите од информаците на велешакта полиција и болница. 

„На 29 септември  во СВР Велес е пријавено дека околу 10:45 часот на крстосница од улиците „Киро Ќучук“, „Белградска“ и „Васил Главинов“ во Велес, товарно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.С.(69 год) од Велес удрило во 65-годишната С.Н. од Велес“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпаролка на СВР Велес. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Општа болницаВелес. 

„По извршените снимања и прегледи кај повредената пациентка, констатирана скршеница на десен рачен зглоб. Направена е имобилизација, дадена соодветна терапија и пуштена на домашно лекување“ – соошти д-р Анамарија Џунџева, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.  

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати