Ford Focus aвтомобил на годината во Македонија

Петар Печков

Комплетно новиот Ford Focus е прогласен за Автомобил на годината за 2019 во Македонија, откако оваа титула претходно ја понесе во Словенија и во Хрватска. Исто така, Focus е еден од седумте автомобили на  листа за наградата Европски автомобил на годината, која ќе биде најавена во март.

Стручно жири, по 24-ти пат, ги вреднуваше, тестираше и бодираше автомобилите според различни критериуми и притоа, едногласно одлучи Focus да ја добие титулата Автомобил на годината 2019.

„По анализата на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на Ford Focus. Националното жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн и комфорт и опременост. Победничкото возило Ford Focus доби 69 бодови од  жирито, пред Citroen C5 Aircross со 67 и Kia Ceed модел што доби 66 бода“, стои во информацијата од Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ упатена до медиумите.

Наградата е освоена во конкуренција на финалистите: Kia Ceed, Citroen C5 Aircross, VolvoXC40 и  Opel Grandland X.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати